Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ би се согласило да присуствува на лидерска средба за решавање на новонастанатата ситуација, рече дека ќе се направи се што е потребно за да се стигне до предвремени избори кои би значеле решавање на настанатата криза, иако претседателот Пендаровски денеска потфрли во својата улога и никаде го немаше да реагира за тоа што се случуваше со пратениците во Собрание, а судејќи според тоа јасно се гледа дека е седнат во нечиј „скут“ и неговиот крај ќе си го види во 2024 година.
„Сѐ што е потребно за да стигнеме до предвремени избори, иако денеска претседателот на државата потфрли во сопствената улога. Претседателот на државата често вака знае да дава коментари за што треба и што не треба, ама во ден во кој што еден пратеник еве мистично исчезна, да му олеснам на Пендаровски да не мора да користи други зборови, да го нема да гукне ни „А“, ни „Б“ во однос на состојбата, многу кажува дека е седнат во некој скут. Вчера даваше глупи изјави од типот дека светските лидери не спијат за Зоран Заев да остане премиер, а денеска го нема „А“ да каже за ова што се случува во македонското Собрание. Заврши и тој како претседател, ќе си го види крајот во 2024 година, истакна Николоски.