Премиерот на Унгарија Виктор Орбан објави во петокот дека земјата ќе ги замрзне цените на нафтените деривати.
Орбан на социјалните мрежи објави дека Унгарија ќе постави лимит, односно ќе го замрзне поскапувањето на цените на горивата. Според најавите, ваквата мерка почнува од понеделник 15-ти ноември.
Според Орбан, неговата влада ќе ги ограничи цените на бензините за да спречи нивно натамошно поскапување кое ќе се одрази на животниот стандард на граѓаните.
Максималната цена ќе биде поставена на 480 форинти, односно 1.3 евра за литар бензин и дизел гориво. Целта на мерката е да се заузда инфлацијата и да се спречи влошување на енергетската криза, која се шири низ Европа.
„Цените на горивата може да бидат определени под 480 форинти, но никако над тој износ“, изјави Гергељи Гулјаш, шеф на кабинетот на премиерот Орбан.
View this post on Instagram