Продажбата на вакцината против Covid-19 скромно го поткрепил приходот на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“, а новите нарачки би требало да донесене „умерена“ добивка до крајот на годинава, се наведува во деловниот извештај.
Приходот од продажбата на вакцината изнесувал во периодот од јуни до септември годинава 1,05 милијарди долари, а вкупниот приход изнесувал 9,86 милијарди долари и е поголем за 50 отсто отколку во истиот период минатата 2020 година.
Темелната добивка по акција пораснала за 14 отсто, на 1,08 долари а уделот на вакцината изнесувал еден цент.
Во првите девет месеци од 2021 година вакцината на компанијата ѝ донела приход од 22,2 милијарди долари. Вкупниот приход изнесувал 25,4 милијарди долари и е поголем за 32 отсто отколку во истиот ланскиот период.
Приходот на компанијата го поддржал пласманот на пазарот на специјалниот лек за ретките болести „Алексион“ (Alexion) на 21-ви јули, кого „AstraZeneca“ го стекна со минатогодишна аквизиција.
Поткрепа бил и лекот за астма „Симбикорт“ (Symbicort), чијашто продажба во третиот квартал пораснала за 13 отсто, на 676 милиони долари. Најголемиот приход компанијата го остварува лекот за ракот на белите дробови „Тагрисо“ или „Осимертиниб“ (Tagrisso), кој во периодот од јули до септември донел за 13 осто повисок приход од 1,25 милијарди долари.
Минатата година „AstraZeneca“ објави дека ќе заработува на вакцината додека не заврши пандемијата, а оваа седмица објави дека ќе формира специјален оддел за вакцини и лекови базирани на антитела во рамките на борбата против коронавирусот.
Во четвртото годинешно тримесечје во компанијата очекуваат „умерена добивка“ од вакцината, која би требало да ги надомести трошоците поврзани со коктелот од антитела за превенција и лекување на Covid-19 и ги потврдија процените на годишните резултати.