Тепачка во Карпош поради семејно недоразбирање

На 11.11.2021 во 19.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ф.Ј.(19) и Т.Ј.(51), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка поради семејно недоразбирање.

Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.