Групата на поранешниот градоначланик на скопски Чаир а сега пратеник на ДУИ, Изет Меџити го уценува Кастриот Реџепи со аудио и видео материјали, објави порталот на албански јазик Syri.net
Видео и аудио материјали се дел од уцените и заканите изминатите денови му биле правени на Кастриот Реџепи, пратеникот на Беса кој во четвртокот ги изневери опозициските пратеници и активистите на неговата партија, се истакнува во написот.
Некои од материјалите се дел од изборната кампањата за локалните избори во 2017 година кога Зекирија Ибрахими од Беса беше во трка со Висар Ганиу од ДУИ. Во тоа време шансите за победа на Движењето Беса во Чаир беа многу големи и неспорни, но внатрешното предавство беше главната причина за нивниот пораз. Тоа потоа стана причина за поделбата на Движењето Беса на два табора, од каде што беше создадена Алтернативата.
Токму главниот протагонист на ова предавство е Кастриот Реџепи, кој работел тајно за Висар Ганиу и овие моменти се регистрирани со аудио и видео. Тоа беше откриено извесно време по изборите во 2017 година, од снимки на кои се гледа дека Висар Ганиу е на средба со подржувачите на Кастриот Реџепи, кој е дел од религиозна група (секта), кои неодамна создадоа верска организација наречена „селефистичка“.
Станува збор за гласачко тело од околу две илјади лица, од кои повеќето од нив се под контрола на Реџепи. Зад Висар Ганиу, во другата канцеларија од прозорецот се појавува Кастриот Реџепи со уште едно лице.
Како што дознава порталот од потврдени и добро упатени извори, токму некои членови на групите подржувачи на Изет Меџити му се заканиле на Кастриот Реџепи да не гласа за соборување на актуелната влада на СДСМ и ДУИ.
„Кастриот Реџепи беше главниот фактор кој ги расипа односите меѓу Билал Касами и Африм Гаши. Касами и Гаши се жртви на предавството на Реџепи во име на Али Ахмети“, вели нашиот извор близок до двете групи. Но, дали Кастриот Реџепи повторно ќе биде фактор кој ќе ја подели албанската опозиција и големата надеж на Албанците за рушење на ДУИ од власт? Одговорот ќе го дознаеме во наредните недели“, пишува порталот.
Исчезнатиот вчера пратенитк на Беса, Кастриот Реџепи, кој во текот на четвртокот ден преку пораки на социјалните мрежи ја информираше јавноста за своето отсуство од собраниската седница на која требаше да се гласа за недоверба на Владата, во петокот самиот се пријавил во полициска станица каде објаснил дека не бил киднапиран и дека по своја волја денот наместо во Собранието го минал кај пријател.
„Во врска со вчера добиената пријава во Пплициската станица Бит пазар за К.Р., МВР ве известува дека предмалку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, соопштија од Секторот за јавност и протокол на МВР.