Фудбалската секција на шпанскиот спортски гигант Барселона официјално во петокот објави дека бразилскиот фудбалер Дани Алвеш се вратил во каталонскиот клуб.
Овој одбранбен сега 38-годишен играч на тренинзите со екипата ќе се приклучи следната седмица, а право на настап ќе има дури од јануари следната година. Барселона и Дани Алвеш потпишале договор до крајот на тековната сезона.
По бразилска Бахија и шпанска Севеилја, бразилскиот играч го носеше дресот на Барселона од 2008 до 2016 година. Со Барса освои дури 23 трофеи. Меѓу другото, шест пати беше првак на Шпанија и трипати победник во Лигата на шампионите. На 391 одигран натпревар за Каталонците постигна 23 погодоци.
По Барселона, Алвеш играше за Јувентус, Пари Сен Жермен во Европа и за бразилски Сао Паоло со кого неодамна го раскина договорот.