Селекцијата на Аргентина ноќта кон саботата во Монтевидео го победи домашниот Уругвај со 1:0 во јужноамериканскиет квалификаци за Светското фудбалско производство во 2022 година во Катар, остварувајќи важен чекор кон пласман на мундијалот.
На стадионот „Кампеион дел Сиљо“ единствениот погодок на напреварот го постигна Анхел Ди Марија веќе во 6 минута.
Претходно во петокот на светската смотра во Катар се пласираше Бразил кој сѐ уште е непоразен во квалификаците и по 12 натпревари има 34 бодови. Аргентина е втора на табелаа со 28 бодови, додека третиот Еквадор има 20 бодови. Селекциите на Чиле, Колумбија и Уругвај имаат по 16 бодови.
Четирите најдобри селекции директно се пласираат на Светското првенство, додека петтата оди во дополнителни квалификации.
Аргентина и Бразил го ограат последниот натпревар од квалификациите на 16-ти ноември во Сан Хуан. Именно и двете селекции имаат по еден меч помалку од другите, бидејќи бразилските власти го прекинаа мечот во септември во Сао Паоло, кога тамошната санитарна служба интервенираше поради тројца Аргентинци кои играат во англиски клубови и кои наводно ги прекршиле бразилските мерки против пандемијата на коронавирусот.
Резултати од јужноамериканските квалификации 12-то коло:
Петок:
Уругвај – Аргентина 0:1
Четврток:
Бразил – Колумбија 1:0
Перу – Боливија 3:0
Парагвај – Чиле 0:1
Еквадор – Венецуела 1:0
ТАБЕЛА
1. Бразил 12 11 1 0 27: 4 34
2. Аргентина 12 8 4 0 20: 6 28
3. Еквадор 13 6 2 5 21:13 20
4. Чиле 13 4 4 5 15:14 16
5. Колумбија 13 3 7 3 16:17 16
6. Уругвај 13 4 4 5 14:18 16
7. Перу 13 4 2 7 13:19 14
8. Боливија 13 3 3 7 17:28 12
9. Парагвај 13 2 6 5 9:18 12
10. Венецуела 13 2 1 10 8:23 7