
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен „изрази загриженост“ поради притисоците на Кина врз Тајван во телефонскиот разговор со кинескиот министер за надворешни работи Ванг ?ји, соопшти во саботата Стејт департментот.
„Државниот секретар го истакна долгогодишниот интере на САД за мир и стабилнсот во Тајванскиот теснец и изрази загриженсот поради постојаниот воен, дипломатски и еконмски притисокт од НРК (Народна Република Кина) врз Тајван“, се наведува во писмената изјава на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
„(Блинкен) Го повика Пекинг да се вклучи во смислен дијалог за решавање на прашањето на Теснецот по мирен пат и на начин во согласност со посакувањата и најдобриот интерес на жителите на Тајван“, се додава во изјава.
Прајс наведува и дека телефонскиот разговор бил одржан во петокот во пресрет на онлајн разговорот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега по должност Кси Џинпинг, кој е закажан за понеделникот.
Од страна на кинеската дипломатија, пак, се наведува дека во текот на разговорот министерот Ванг „натаму ја разработил кинеската позиција“ за тајванското прашање како одговор на она што Вашингтон го нарекол „неодамнешни погрешни зборови и дела“.
„И историјата и стварноста целосно докажаа дека ‘независноста на Тајван’ е најголемата закана за мирот и стабилност низ Тајванскиот теснец“, се наведува во соопштението на Ванг.
Кинескито дипломат истакнува дека САД, меѓу другото, би требало „решително да се спротистави на секакви потесзи за ‘независност на Тајван’“, доколку нивната цел е мир во регионот, велејќи дека секоја поддршка за независноста на Тајванот „го поткопува мирот во Тајванскиот теснец и на крајот ќе биде како бумеранг“, се наведува во соопштението.
Телефинскиот разговор следеше во деновите на сѐ позасилената загриженост на САД и нивните сојузници поради известувањата за зачестените и поголеми воени кинески упади во ткн Идентификациска зона на тајванската противвоздушна одбрана (ADIZ).
Кина ги смета Тајван за своја одметната југоисточна покраина чија независност ја признаваат многу малку земји во светот, а САД се придржуваа до правилото да не ја споменуваат директно но воено и економски го помагаат островот.
Пекинг почесто истакнува дека е подготвен и воено да интервенира за да го врати отцепениот на крајот до 1940-те Тајван во својот состав и се закани дека ќе употреби и сила доколку бидат направени некои чекори кон објавување формална независност. Американскиот претседател Бајден неодамна порача дека САД се „обврзани“ да го бранат Тајван, доколку биде нападнат.