Еден загинат во експлозија на автомобил во Ливепрул

Едно лице загина а уште едно е повредено во експлозија на автомобил во близина на ткн женска болница во Ливепрул, соопшти во неделата полицијата на англиската грофовија Мерсисајд.

„Ја потвдруваме смртта на едно лице, друго е хоспитализирано со повредни кои не го загрозуваат неговиот живот“, се наведува во кусата објава на полицијата на Twitter.

Според првичните сознанија, во неделата претпладнето кон болницата се приближувало такси кое се запрело непосредно пред да одекне експлозијата.

Местото на инцидентот било оградено со бариери, а блокирани се и улиците кои водат кон реонот. Во тек е истрага во којашто е вклучена и антетерористичката полцииска единици, пренесуваат медиумите.