Антитерористичката полиција уапси три лица за експлозијата во Ливерпул

Британската антитерористичка полиција уапси три лица по експлозијата на автомобил пред болницата за женски болести во Ливерпул во која загина едно лице а уште едно е рането, објави во неделата вечерта полицијата на северната англиска грофовија Мерсисајд, додавајќи дека истрагата сѐ уште трае.

Полицијата објави дека патникот во автомобилот кој експлорирал бил прогласен мртов на самото место, додека возачот е во пренесен во болница и е во стабилна состојба.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател на Twitter објави дека добива редовни извештаи за инцидентот.

Тројца мажи на 29, 26 и 21 година, се уапсени во квартот Кенсингтон според законот за тероризам, соопшти полицијата.

Засега е познато дека автомобилот кој се запрел пред болницата непосредно пред експлозијата околу 11 часот по локално време, всушност било такси возило.

„Сѐ уште работиме на тоа да откриеме што се случило. Се обидуваме да сфатиме што ја предизвикало експлозијата, но имајќи предвид како тоа се случило, истрагата ја води антитерористичката полиција со помош на полицијата на Мерсисајд“, изјави за медиумите полициската началничка Серена Кенеди.

Сепак, инцидентот засега не е класифициран како терористички чин.