Фудбалските селекции на Хрватска, Србија и Шпанија постигнаа победи во неделата во „мајсторките“ со директните конкуренти за пласман на Светското првенство во Катар следната 2022 година.
Хрватска попладнето на сплитски „Пољуд“ со автогол на Русите во финишот дојдоа до потребната победа, а вечерта тоа го остварија и Србија со неочекуваната победа во Лисабон над Портигалија со 2:1 и Шпанија која дома со 1:0 ја победи Шведска.
На Шпанците во Севилја им беше доволно реми, но сепак умешно го контролираа натпреварот а подобрата игра ја заокружаа со голот на Алваро Мората во 86 минута. Дани Олмо шитираше од повеќе од 20 метри, Олсон га одби топката во гредата од која се одби на ногата на Мората кој не можеше да промаши.
Во Групата Б квалификациите Шпанија ги заврши со 19 бодови, повеќе од второпласираната Шведска која оди во дополнителните квалификации.
На лисабонскиот стадион „Луж“ Португалија ја имаше истата ситуација како и Шпанија, па дури и реми ги водеше домашните во Катар, а во 2 минута ситуацијата беше уште подобра откако Ренато Санчез кој ја искористи грешката на српската одбрана. Но во 33 минута Тадиќ силно шутираше а Руи Патрисиот иако топката одеше право во него неумесно реагираше и беше совладан за израмнување. И овок резултат ги носеше Кристијано Роналдо директно во Катар сѐ до 90 минита, кога Александар Митровиќ со глава го закова нафрлувањето на Тадиќ во португалската мрежа за големо славје на Србија.
Во Групата А Србија го освои првото место со 20 бодови, а Португалија со 17 бодови визата за Катар ќе ја бара во баражот.
Во Групата Х пред последното коло Хрватска влезе со два бода заостанување зад Русија и само победа ѝ одеше во прилог да ги избегне неизвесните дополнителни квалификации. Во Сплит спектакуларната атмосфера на трибините ја расипа силниот дожд но и стерилната игра на „коцкестите“ кои и покрај доминцијата не успеваа да го пронајдат патот до руската мрежа. А тоа му „успеа“ на Кудрјашов во 81 минута на нафрлената топка натрча Андреј Кудрјашови несмасно го совлада својот голмат Матвеј Сафонов.
Така квалификациите во Групата Х завршија со 23 бодови на Хрватска а Русија остана на 22 бодови со кои оди во баражот.
Од европските квалификации порани на Мундијалот се квалификуваа Данска, Германија, Франција и Белгија. Практично тоа го стори и Англија којашто во понеделник не смее да загуби од тоталниот аусајдер Сан Марино, додека другите два директни патници за Катар ќе се бараат меѓу Италија и Швајцарија во понеделник и Холандија и Норвешка во вторник.