
Блок 2 на РЕК Битола рано утрово е синхронизиран со електроенергетскиот систем и пуштен во производство. ТЕЦ Битола сега работи со два блока, соопшти АД ЕСМ.
На депонијата за јаглен во РЕК Битола моментално има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет.
Од компанијата информираат и дека стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена.