Шилегов го награди Венко кому му умреа над 7.000 луѓе и Денко за кого Македонците и Бугарите се ист народ

Петре Шилегов од реномираната награда „13 Ноември“ си направил партиска тезга, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека наместо за заслужни скопјани или луѓе кои придонеле за Скопје и државата, тој во заминување потрча да им даде парична награда на Венко Филипче кому му умреа над 7.000 луѓе од ковид, и на Денко Малески за кого Македонците и Бугарите се ист народ.

-И додека Филипче добива награда од Шилегов, во Чаир почина 26-годишна родилка при породување, додека во Битола 18-годишна девојка притоа не се познати детално причините. Пред само некој месец на истиот тој Филипче живи му изгореа 14 луѓе. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи комисијата за наградата „13 Ноември“ да биде исполнета со партиски послушници на СДСМ, кои ќе ги девалвираат наградите кои имаа суштинско значење за градот, додаваат оттаму.