Армијата на САД забележала „создавање фрагменти“ во Вселената, дали Русија тестира оружје?

Американската армија објави во понеделникот дека забележала „создавање фрагменти“ во Вселената, а еден функционер изјавил дека веројатно станува збор за тестирање на противсателитско оружје (ASAT) од страна на Русија која веќе неколку денови известува дека весленски отпад пролетува на опасна близина до Меѓународна всленска станица (ISS).

Според американските експерти противсателитското оружје кое ги разбива своите цели претставува опасност поради создавање облак од фрагменти по може да се судрат со други објекти, што може да предизвика верижна реакција на проектили во орбитата на Земјата.

„Активно работиме на категоризацијата на полето на отпадот и ќе продолжиме да обезбедуваме сите земји присутни во Вселената да имаат информации неопходни за маневрирање со сателитите доколку дојде до судар“, се наведува во соопштението на американската вселенска команда без натамошни поединости и споменување на Русија.

„Исто така, сме во процес на работа со меѓуагенцијата за овие извештаи, вклучувајќи ги и Стејт департментот и NASA, и во блиска иднина ќе обезбедиме обновени информации“, се додава.

Американски функционер кој зборувал под услов да остане анонимен за Reuters рекол дека прелиминарните извештаи покажуваат дека Русија викендов извела тестирање на противсателитско оружје.

Истовремено двајца американски фукционери за телевизијата CNN изјавиле дека појавата на потенцијално опасно поле со отпад во вселената можеби е руско тестирање на противсателитско оружје. Двајцата официјални претставници изјавиле дека Стејт департментот се подготвува да издаде соопштение подоцна во понеделникот.

Ваквите настани вообичаено се предизвикани од тестови на протисателитско оружје кои вклучуваат ракета од копно кои удираат во сателит и создаваат големо поле со отпад. Еден од изворите рекол дека ракетата била лансирана од копното кон цел во орбитата.

Сепак, останува нејасно дали овие фрагменти се формирани за време на руското тестирање на противсателитско оружје.

САД ги изведоа првите тестови на протисателитско оружје уште во 1959 година, кога сателите уште беил ретко и сосема нова технологија. Русија ланскиот април спроведе тестирање на противсателитски проектили, откако највисоките функционери на САД и НАТО истакнаа дека Вселената ќе има сѐ поголема важност за современото и станува ново поле на војување. Кина такво тестирање спроведе во 2007 година врз свој метеоролошки сателит, а Индија во 2019 година собори со проектоил еден од своите сателити во ниската орбита на Земјата.

Американската армија сѐ повеќе зависи од сателитите во текот на копнените активности, на пример, при следењето на лансирањето на проектили и насочувањето на единиците на теренот. Ваквите тестови, исто така, го поставуваат прашањето на долгорочната одржливост на операциите во Вселената кои се клучни за широк дијапазон комерцијални активности, вклучително и банките и GPS системот.

 

Тревога на ISS

Екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS) во понеделникот морал брзо да облече вселенски одела и да влезат во своите вселенски летала во случај некои остатоци што оттаму минуваат да ја погодат станицата.

Во понеделникот вселенскиот отпад ја одминал ISS во два наврата во интервал од час и половина, извести руската вселенска агенција Роскосмос.

Ова не е прв случај во последно време на опасно приближување кон ISS на вселенски отпад. Орбиталната станица на 10-ти ноември изведе маневар за избегнување вселенски отпад, односно фрагменти од кинескиот сателит „Fengyun-1C“. Станува збор за метеоролошки сателит на Кина соборен уште во 2007 година во текот на тестовите на кинеското противсателитско оружје. Во следните два дена на ISS беа забележани опасни прелетувања на фрагменти.

Космонаутите и астронаутите во понеделникто се евакуирале во вселенските бродови споени со станицата: рускиот „Сојуз МС-19“ во кој влегле Русите Антон Шкаплеров, Петр Дубров и Американецот Марк Внаде Хаи, и во американската капсула „Crew Dragon“ каде се засолниле Американците Раџа Чари, Томас Маршберн, Кајла Барон и Германецот Матијас Маурер.

Астронаутите на ISS во вторникот ќе го држат затворени внатрешните отвори поради ризиците поврзани со вселенскиот отпад, според препораките на американскиот Центар за контрола на вселенските летови. Според препораките на центарот, отворите меѓу главните модули на станицата треба да бидат затворени додека се изведуваат активностите за следење на фрагментите предизвикани од очигледно уништување на сателит, но причината за тоа не се наведува.

Меѓутоа, кога останува малку време пред опасното приближување на фрагменти, бидејќи се потребни неколку часови за процедурата за маневрирање, екипажот на ISS вообичаено се засолнува во всленсктие бродови за случај да е потребна итна евакуација од станицата.