Руските испораки на природен гас преку клучниот гасовот „Јамал–Европа“ во понеделникот се зголемени, што е сигнал дека белорускиот претседател Александр Лукашенко не ја исполнил својата закана за запирање на испораките кон ЕУ или, пак, исполнува на уверувањето на рускиот претседател Владимир Путин дека снабдувањето на европските корисници во пресрет на зимата нема да биде нарушено.
Русија во големи количества ја снабдува Европа со гас преку гасоводот „Јамал–Европа“, кој е во сопственост на рускиот енергетски гигант „Газпром“ а кој минува низ Белорусија до Полска и до Германија.
Белорускиот претседател Александр Лукашенко минатата седмица се закани со запирање на трензитните испораки на рускиот гас преку белоруската територија како одмазда за новите санкции кои се подготвува да ги воведе ЕУ против Белорусија која ја обвинува за наводно намерно предизвикување на мигрантската криза на нејзините источни граници во Полска, Литванија и Латвија.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека белорускиот челник Александр Лукашенко не се консултирал со него пред да се закани со можно запирање на протокот на рускиот гас кон Европа, додавајќи дека таквиот потег би можел да им наштети на односите меѓу Минск и неговиот клучен сојузник Москва.
Во понеделникот беше објавено дека германската канцеларка Ангела Меркел и Лукашенко имале 50-минутен телефонски разговор за мигрантската криза на гранциата и обезбедување на хуманитарна помош на азилантите. Ниту од Берлини, ниту од Минск не беше наведено дека било разговарано и за заканата со запирање на гасот, но веројатно е дека тое е под формулацијата „и редици прашања“ содржана и во двете соопштенија.
Цените на гасот во Европа во понеделникот попладнето пораснаа за 8,8 отсто, на 81,60 евра по мегаватчас или до 942 долари за илјада кубни метри гас.
„Газпром“ минатата седмица започна да ги полни европските складишта на гас со енергенсот кој доаѓа главно преку Белорусија и Украина. Дотокот на гасот на германската мерно-регулациска станица Малинов, во близна на полската гранциа и на гасоводот „Јамал-Европа“ во понеделникот бил на повиско ниво отколку во текот на викендот.
Русија уште еднаш порача дека поголеми количества гас можат да бидат испорачувани во Европа кога Германија конечно ќе го издаде одобрувањето за почеток на работата на гасоводот Северен тек 2 кој е потполно и технички испитан и може да почне со работа во секој момент.
На неговото градење се противеа САД, Полска, Украина и некои членки на ЕУ оценувајќи го како „геополитичко оружје“ на Русија. Но Берлин и Москва се истрајни дека станува збор за чисто економски проект во кој инвеститори се и шесте најголеми европски енергетски корпорации, а противењата ги толкуваа како желбата на Вашингтон да продава во Европа позначајни количество од својот поскап течен гас (LNG), стравот на Варшава дека на Германија ќе ѝ плаќа поскапо за гасот и стравот на Киев дека ќе остане од досегашната заработка од повеќе милијарди евра на годишно ниво од транзитот на рускиот гас во Европа.
Кремљ во понеделникот објави дека заканата на Лукашенко за запирање на испораките на гасот не би резултирала со пренасочување на Северен тек 2, кога тој еднаш ќе почне со работа.