ВИДЕО| Полска употреби водени топови и гас против мигрантите на границата со Белорусија

Полските безбедносни сили употребија водени топови и гас против мигрантите кои фрлале камња преку оградата на белоруско-полската граница каде што околу две илјади од нив се собрале во очајничките обиди да влезат на територијата на Европската унија, покажуваат снимки кои полските власти ги споделуваат во вторникот, a некои снимки се слушаат и детонации на гасни и звучни гранати.

Снимките коишто на социјалните мрежи ги објави портпаролот на полската влада и на министерството за одбрана покажуваат натамошна ескалација на мигрантската криза на границата.

„Внимание, внимание, доколку не ги следите наредбите, против вас ќе биде употребена сила“, се слуша од разгласот насочен кон мигрантите кои фрлаат предменти, според снимките објавени на јавната телевизија TVP.

На снимката којашто ја споделува полската влада, мигрантите фрлаат шишиња и цепаници на граничната ограда и полските војници, и со стапови се обидуваат да ја пробијат бодликвата жица поставена по целата должина на границата меѓу двете земји. Полското министерство за внатрешни работи соопшти дека полицаец е тешко повредени со предмет фрлен преку оградата, како и дека е хоспитализиран со сомневање дека има фрактура на черепот.

Полското министерство за одбрана во твит објави дека наводно белоруските сили им дале на мигрантите звучни гранати да ги фрлаат врз полските војници и полицајци.

Белорусија го отфрла ова тврдење како апсурдно, како и другите обвинување од ЕУ дека намерно ја предизвикала мигрантската криза на нејзината граница.

Портпаролот на полската влада соопшти дека владата дискутира за тоа дали ќе повика на официјални консултации за кризата со сојузниците во НАТО:

„Се подготвуваме за песимистичен исход, дека овој судир би можело да трае со месеци“, изјави портпаролот Пјотр Милер на прес-конференцијата во Варшава.

Претходно лидерот на владејачката партија Право и спреведливост (PiS), Јарослав Качински изјави дека во моментов не се очекува вооружен судир, без да наведе кој би бил на спротивната страна.

„Имаме хибридна војна, но не вистинска војна, со оружје, не на нашиот хоризонт. Се соочуваме со непредвидлив непријател“, изјави Качински за полското јавно радио.

Според полските власти, повеќе од 20.000 припадници на полските безбедносни сили од полицијата, граничната единици и војската, меѓу кои неколку стотици припадници на британските сили, се ангажирани во обезбедувањето на границата на која на преминот во близина на полскиот град Кизници, се групирале мигрантите.

Се проценува дека околу 4.000 мигранти се близу белоруските граници, главно од земјите од Блискиот исток и Африка, а најмногу од нив се Курди од Ирак.

Во меѓувреме, Ирак за четвртокот закажа лет за евакуација на своите државјанни од Минск. Досега околу 150 Ирачани се привјави во Минск за тој лет. Другите Ирачани кои се на границата тешко можат да се регистрираат.

„Работиме на тоа со белоруските власти. Бројката се менува, бидејќи на луѓето кои заглавија на белоруската граница со Полска или Литванија и досега белоруските власти не им дале овластувања да патуваат низ земјата до Минск“, изјави ирачкиот конзул за Русија и Белорусија, Маџид ал-Кинани.

Во Литванија властите соопштија дека ситуацијата е под контрола, а замникот министер за внатрешни работи рече дека уапсиле 47 лциа кои се обиделе да е приближат до границата.