Земјотрес ја стресе Турција: Луѓето панично бегаат на сите страни – тлото буквално се двоеше (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ja погоди денеска северозападна Турција, соопшти турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул.

Земјотресот е регистриран во 14:40 часот по локално време на длабочина од 18 километри.

Земјотресот предизвика голема паника кај населението, но засега нема информации за повредени или штети.