
Европските земји воведуваат сѐ построги мерки поради растот на заразените во пандемијата на коронавирусот, па на невакцинираните во Чешка од понеделник им се забранува пристапот до јавните настани и услуги, додека унгарската лекарска комора повикува на забрана на масовните настани и задолжително носење маски во затворени простори.
„Од понеделник за влез на јавни настани и за давање услуги ќе се признаваат само потврдите за вакцинираност и за прележаност на Covid-19. Луѓето конечно мора да поверуваат дека коронавирусот убива“, изјави чешкиот премиер на заминување Андреј Бабиш.
Владата на заминување се спротиставуваше на воведувањето на построгите епидемиолошки мерки стравувајќи дека тоа ќе се одрази на парламентарните избори на 8-ми и 9-ти октомври, но сѐ потешката ситуација во болниците ги натера да ги разгледуваат ограничувањата за невакцинираните лица.
Во чешките болници од вторникот има повеќе од 4.000 пациенти со Covid-19, а 661 пациент е на одделите за интензивна нега, објави министерството за здравство. Чешка потполно вакцинирала 57,6 отсто од населението, а просекот во Европската унија изнесува 64,9 отсто, според Европскиот центар за контрола и превенција на болестите (ECDC).
Во Унгарија најмногу заразени од март
Во Унгарија, исто така, јакнат апелите за построги мерки по потврдените 10.265 коронаинфекции во средата, што е најголем број на заразените на дневно ниво од крајот на март.
Унгарската лекрарска комора повика на забрана за одржување масовни настани и задолжително носење маски во затворени простории. Бараат, исто така, влезот во кино-салите, театрите и рестораните да биде условен со ковид-потврда.
„Мораме да го забавиме зголемувањето на бројката пациенти и полнењето на болниците со ковид-пациенти или многи семејства ќе имаат многу тажен Божик. Покрај забавувањето на кампањата за вакцинирање, не видовме никакви превентивни мерки за зауздување на пандемијата“, се додва во соопштението на лекарите.
Дневниот број на коронаинфекциите во Унгарија се приближува до пикот од 11.256 заразени во текот на третиот бран на пандемијата во земјата во којашто нема речиси ограничувања, а стапката на вакцинираност е под просекот во ЕУ. Од околу 10 милиони жители целосно се вакцинирани само 5,78 милиони луѓе, а малку повеќе од 1,66 милиони луѓе ја примиле дополнителната „бустер“ доза.
Унгарскиот премиер Виктор Орбен, кого го очекуваат избори на почетокот од 2022 година, ги повика сонародниците да се вакцинираат и најави задолжително вакцинирање за вработените во јавните институци. Исто така, ги овласти приватните компании да ја наметнат обврската за вакцинирање за своите работници. Но се воздржа од воведување на задолжителното носење маски во затворени простори, со исклучок на јавниот сообраќај и во болниците. Владата во вторникот објави дека го следи бројот на зтразите и дека ќе „воведе нови мерки, доколку биде потребно“.