Британски млазен авион F35 од главниот британски носач на авиони ХМС Кралица Елизабета (HMS Queen Elizabeth) се урна во Средоземното Море, а пилотот се катапултирал.
Не е прецизирано каде се урнал авионот во Средоземното Море.
Не се сметаа дека станува збор за непријателска акција, а истрагата ќе покаже дали се работи за техничка или човечка грешка.
– Пилотот сигурно е вратен на бродот и истрагата е започната, така што би било несоодветно да се коментира подетално во овој момент, соопшти британското воено воздухопловство.
Новата генерација борбен авион РАФ Ф35 вреден 100 милиони фунти е во морето и допрва треба да биде извлечен.
Осум британски авиони Ф35 се на носачот заедно со десет американски Ф35. Тие се Б варијанта на млазниот авион Локхид Мартин, кој може да полета на мала оддалеченост и да слета на носач.
ХМС Кралица Елизабета се враќа во Велика Британија по повеќе од седум месеци на море на нејзиното прво патување на Далечниот Исток и назад.