Кралицата Елизабета се врати на своите должности. Денес, таа беше домаќин на генералот Сер Ник Картер во замокот Виндзор.
Фотографија од нивната средба беше објавена на официјалниот Инстаграм на кралицата и кралското семејство. Таа досега собра повеќе од 90.000 лајкови, а многу следбеници на кралското семејство изразија задоволство што кралицата се врати на функцијата.
„Прекрасно е да се види. Неверојатна жена”, „Овој фустан и стои одлично”, се дел од коментарите. Но, последната фотографија била многу загрижувачка.
„Многу е убаво да ја гледам, но загрижен сум. Изгледа навистина кревко, се надевам дека ќе стане посилна“, „Изгледа толку ситна“, „Нејзините раце се првото нешто што го забележав“, напишаа луѓето.