Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во селото Страчинци најавија почеток на изградба на фекална канализација за 170 приклучоци и пречистителна станица.
Првата фаза од проектот вреден над 5 милиони денари треба да заврши за три месеци.
„Газаи Баба ќе се менува и ќе се гради во периодот што предстои. За 2022 година најавувам низа проекти со цел да ја направиме Гази Баба инфраструктурно развиена и еколошки чиста општина“, посочи Стефковски.
Мицкоски истакна дека политичарите треба да ги облечат чизмите и да бидат меѓу народот, бидејќи тоа го промовира ВМРО-ДПМНЕ и новата генерацијата“.
„Ќе бидеме на терен да ги исполнуваме дадените ветувања, вчера бевме во Кисела Вода, сега во Гази баба. нема да критикуваме повеќе и да бараме изговори. Денеска сме овде во Страчинци. Градоначалникот започнува да го исполнува тоа што е ветено пред изборите.
Проект за фекална канализација вчера беше започнат и во Општина Кисела Вода, во Драчево.