Сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески, имаше средба со градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ.
На средбата, градоначалничката се заблагодари што Авалон го носи Стинг во Сараево и изрази подготвеност од градот и голема желба со сите негови ресурси во иднина, Авалон да работи што е можно повеќе концерти таму.
Од друга страна, Милошески вети дека ќе се обиде во 2023-та на “Кошево” да се случи голем стадионски концерт, единствен во регионот.
На крајот од средбата која траеше 45 минути, градоначалничката Кариќ му подари на Милошески монографија за Сараево.