Пожарникарот Стив Виткомб вчера на Божик притрчал да спаси повредена девојка во сообраќајна несреќа во Бруклин, па дури кога ја видел жртвата утврдил дека станува збор за неговата ќерка.
Обидот на Стив да ја спаси девојката се претвори во трагичен шок. Кога се обидел да ја извлече девојката од смачканиот автомобил ја препознал својата ќерка.
Таа, меѓутоа, набрзо починала и покрај обидите нејзиниот татко да ја спаси. Во несреќата учествувале неколку возачи, но никој не бил повреден.
Во полицијата велат дека причина за несреќата не е пребрзо возење туку „проблеми во сообраќајот“.
„Тагувам и се обидувам да сфатам што се случило“, рекол накратко Виткомб.