Здружението за хотели, ресторани и кафетерии на Македонија бара од надлежните институции, нискобуџетните компании кои работат кај нас да продолжат дел од лето вите и до охридскиот аеродром, пишува Охридпрес.
Поточно, од четиринаесетте дестинации, два лета да бидат до Охрид, со што би се зголемил и бројот на туристите кои сакаат својот одмор да го поминат на охридско-струшката ривиера:
– Значи од постојните 14. дестинации кои се осплужуваат со нискобуџетни авио компании било кој две што ќе се договорат да се продолжат летовите до Охрид. Значи од тие 14 едната е до Берлин, на пример берлинскиот лет да се продолжи до Охрид, Берлин – Скопје – Охрид и обратно. Доколку така го испитаме пазарот бидејќи кон охридскиот аеродром гравитира и еден дел од Република Албанија т.е. градовите Корча, Поградец, Елбасан и можеме доколку тоа се направи после одреден период да кажеме дека Охрид е економски исплатлива линијата до Охрид, објаснува Дончо Таневски, претседател на ХОТАМ.
Од страна на ХОТАМ изминативе години во неколку наврати е побарано и од општинските совети на Струга и Охрид да се овозможи побрза реализација на ова барање со кое бенефит ќе има не само Охридскиот аеродром, туку и хотелското и приватното сместување:
– Нашето барање до Советите на Општина Струга и Општина Охрид и до надлежните институции изминативе години е со нискобуџетните авио компании кои работата во Македонија да се продолжат преговорите минимум два лета неделно до која било европска дестинација до која ќе се договорат институциите со сопствениците на авио компаниите да ги постават да бидат под Охрид. Со тоа ќе добиеме сите многу, аеродромот ќе добие работа, но и хотелското и приватното сместување и индивидуалците ќе имаат една поголема можност да сами си склопуваат аранжмани, истакна Таневски.
Околу туристичката пропаганда струшките туристички работници забележуваат на слабата застапеност на струшкиот регион во неговата промоција:
– Струга е секогаш во позадина на Охрид значи не е доволно промоврана, вели Крсте Блажески заменик претседател на ХОТАМ.
Членовите на Управниот одбор на ХОТАМ реагираат дека дел туристичките региони во Македонија имаат слаба промоција, односно застапеноста оваа година за Дојран, за Отешево, за Крушево за Охрид е многу поголема отколку за Струга и за Маврово.
извор: Охридпрес