Леванте и Атлетик одиграа без голови

Првиот дуел од 14-то коло на шпанското фудбалско првенство во кој во петокот вечерта Леванте беше домаќин на Атлетик Билбао заврши без голови.

Атлетик со 19 бодови од 13 натпревари е на 7-то месо, додека Леванте од сите одигтрани 14 кола собра само седум бодови и е единствената екипа во Примера која сѐ уште нема остварено победа оваа сеозна. Се наоѓа на претпоследното 19-то место, со бод повеќе од последниот Хетафе.

Водечкиот Реал Сосиедад има 28 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид и Севилја, со тоа што и двете екипи имаат по меч помалку.