Зиелински погоди во 17. минута за водство на гостите од Неапол, но Чаланоглу и Перишиќ до крајот на првото полувреме направија целосен пресврт (2-1).
Мартинез доби одлично додавање во 61. минута и беше сам пред голманот, па немаше многу мака да го матира за предност од 3-1, по што Мертенс за момент го врати Наполи во игра кога погоди од работ на казнениот простор за 2-3.
Наполи во последните минути од мечот се обидуваше да израмни, но Хандановиќ одбрани еден одличен удар во 91. минута и ја зачува својата мрежа.
ИНтер во моментов има 28 бода на третата позиција, односно четири помалку од Наполи и Милан, кои се на делба на првата позиција.