
Стево Пендаровски се однесува како некој аналитичар со отворени симпатии кон Зоран Заев, а не како претседател на државата со јасни ставови и позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Жално е што Пендаровски наместо да претседателствува со државата и да ги предводи процесите одбра да прави анализи за воспевање на ликот и не делата на Зоран Заев.
Впрочем, Пендаровски не искажа ниту еден став за проблемите кои ги мачат граѓаните.
Пендаровски би можел да биде партиски аналитичар на СДСМ, но не и добар претседател на Македонија“ – велат од партијата.