
Ракометарите на Еурофарм Пелистер одигра уште еден извонреден натпревар, можеби и најдобриот сезонава и со 33:20 ја декласираше Татабања.
Пелистерци одиграа без грешка и ја запишаа втората победа во групната фаза во ЕХФ Европската лига.
Битолчани беа доминантни во двете полувремиња, а од четата на Бабиќ дури 11 ракометари се запишаа во листата на стрелците.
Најефикасен кај Пелистер беше Мараш со шест постигнати погодоци, додека Табадоа и Периќ застанаа на по пет гола. Со оваа победа Еурофарм привремено се искачи на првата позиција на табелата во групата Д.