
Американските нафтени компании заработуваат на сметка на потрошувачите, критикуваше претседателот Џо Бајден, а министерството за енергетика на САД повика енормните добивки да се насочат во поголемо снабдување за да се намалат цените на бензините кои во земјата се на незапаметени нивоа.
Администрацијата на Бајден објави во вторникот дека ќе пушти во оптек 50 милиони барели нафта од стратешките резерви на САД во координација со други земји, откако произведувачите на енергенсот од проширената Организација на земјите извознички на нафта (OPEC+) го одбија барањето на Вашингтон да го зголемат снабдувањето.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека администрацијата не ја исклучува можноста во оптек да пушти дополнителни барели од американските резерви и додаде дека нејзините функционери се во контакт со поедините земји од OPEC.
Самиот Бајден во вторникот се осврна на нафтените компании, велејќи дека остваруваат рекордни добивки а не ги пренесуваат заштедите на потрошувачите.
„Доколку разликата меѓу големопордажните и малопродажните цени на бензините е во согласност со просекот во изминатиот период, Американците сега би плаќале минимално 25 центи помалку за галон. Наместо тоа, компаниите разликата ја ставаат во џебот, а тоа е неприфатливо“, рече Бајден.
Уште минатата седмица американскиот претседател изјави дека „има сѐ повеќе докази“ коишто упатувале на заклучокот дека нафтените и гасните компании работат на штетата на потрошувачите, задржувајќи ги цените на горивата на зголемено ниво.
„Агенцијата за заштита на потрошувачите би требало подлабоко да го анализира можното незаконско однесување на пазарот“, порача Бајден.
Министерката за енергетика Џенифер Гренхол, исто така, во вторникот ги критикуваше нафтените и гасните компании, истакнувајќи дека закупиле 23 милиони хектари државно земјиште на копното и во морето и издејствувале илјадници дозволи кои не ги искористиле.
Според неа, енергетските компании повторно не ги вработиле работниците кои ги отпуштиле поради пандемијата, не го активирале производството на платформите, ниту ги искористиле дозволите кои им биле на располагање.
„Енергетската индустрија истовремено остварува енормна добивка. Се вратија… на нивото на коешто беа пред почетокот на пандемијата. Тоа значи дека го искористиле тој момент“, забележа Гренхолм во разговор со новинарите.
Меѓутоа, министерката за енергетика наиде на жестоки реакции во медиумите, откако не знаеше да одговори на новинарско прашања колкаво количество горива им се потребни на САД на дневно ниво.
Администрацијата на Бајден бара покрај пуштањето во оптек на нафтата од стратешките резерви и домашните производувачи да го одработат својот дел од работата и да ги зголемат количествата нафта пласирани на пазарите, особени имајќи ја предвид големата добивка, којашто според Бајден и Гренхолм, била користена за откупување на акциите.
„Сакаме да ги поттикнеме да го зголемат снабдувњето. Сакаме снабдувањето да се зголеми и во рамките на САД и ширум светот за да се намалат притисоците на бензинските постојки“, рече Гренхолм.
Се осврна и на големиот континуиран пад на поддршката на граѓаните за претстедателот Бајден откако ја презема должноста кој го покажуваат анкетите. Го толкуваше тоа како реакција на состојбата со горивата и правдајќи се со фактот дека претседателот не ги контролира цените на бензините и повторувајќи дека администрацијата ги разгледува сите алатки коишто ѝ се на располагање за да ги заштити семејствата од сѐ поголемите трошоци за горивата.
REPORTER: “How many barrels of oil does the U.S. consume per day?”
Energy Sec. Granholm: “I don’t have that number in front of me. I’m sorry.” pic.twitter.com/lToOjsLNLu
— Townhall.com (@townhallcom) November 23, 2021