Јовески: Очигледно е дека не биле запазени сите процедури од агенцијата „Беса Транс Скопје“

ржавниот јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека очигледно било дека не биле запазени сите процедури од агенцијата „Беса Транс Скопје“.

Тој вели дека уште додека биле во Бугарија наредиле да се заплени документацијата на превозникот, од каде биле известени дека нема списоци во писмена форма.

„Со самиот факт што автобусот ја напуштил територијата на Македонија без да има валидна документација, во делот на лиценцата, укажува дека до крај во рамките на дејноста на оваа туристичка организација не се запазувани сите процедури“, вели Јовески.