10.8 C
Skopje
недела, ноември 17, 2024

Мисајловски: И со заглавена сметка во општината, исчистена најголемата депонија во Ѓорче Петров

Последните години депонијата во Ѓорче Петров стана вистинска еко бомба за целата општина и никој со прст од одговорните не мрдна да го реши овој проблем, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој додава дека ако се сака, се’ се може.

Посочува дека поднеле амандмани, побарале помош од надлежните институции барем да почнат со отстранување на сметот, но сега е појасно дека ниту сакале да се реши проблемот, ниту пак биле способни.

-Но, затоа Александар Стојкоски во изборниот период го вети како главен приоритет овој проблем. Вети дека ќе биде надминат и тоа се случи уште во првиот месец од кога дојде на функцијата градоначалник. Со заглавена сметка во општина, со наталожени проблеми во секојдневното функционирање, во првиот месец Александар се фати со работа ова да се реши. Затоа само ќе кажам секоја чест и продолжете само чесно и домаќински. За поубаво Ѓорче, пишува Мисајловски.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека депонија во Ново село заминува во минатото.

-Ветувањата се дела. И депонијата во Ново село заминува во лошото минато. Наместо отпад и чад, чиста околина и простор за ново зеленило. Ние не зборуваме и ветуваме, туку работиме и реализираме, порача Стојкоски.