
Не ја потценувам важноста на историјата и минатото, треба да разговараме за овие прашања разговори. Но, треба да се фокусираме на сегашноста. Секој ден пишуваме историја. Првите пораки кои доаѓаат од партиите кои можат да коалицираат ни влеваат оптимизам, ова за буграската Нова ТВ го изјави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.
На прашањето за иднината на билатералните односи, тој го рече следново: Ако ме прашувате за разликите што ги имаме и за европската перспектива, ние никогаш не сме ја прекинале комуникацијата со Република Бугарија. И покрај тоа што беше потешко поради тоа што за една година три пати имаше избори. Не беше формирана влада и имаше преодна влада, но ние бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија.
„Во последниот период имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме ноти, документи, ставови, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен кабинет и институции за да можеме да го завршиме ова. Заложник не е само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, заложник е пријателството меѓу нашите две земји. Република Бугарија е една од земјите кои го придвижуваат процесот на европска интеграција на целиот регион.
Да не заборавиме дека во 2018 година во Софија Република Бугарија беше домаќин на Самитот на ЕУ за Западен Балкан и ја водеше оваа европска перспектива на целиот регион. Мислам дека тоа е во интерес и на Бугарија и тоа е во наш интерес и интерес на целата Европска унија, побрзо да се стави крај на ова прашање, кое непотребно ги труе нашите билатерални односи“, рече Османи.
Османи рече дека „една година преговараат со преодната влада и смета дека секоја редовна политичка моќ, која ќе има и целосен мандат за одлучување, полесно ќе ги води овие преговори отколку една преодна влада“.
„Првите пораки што доаѓаат од партиите кои можат да коалицираат нè вдахнуваат со оптимизам, но во односите меѓу РСМ и Бугарија не треба да го оставаме фокусот само на минатото, туку и на сегашноста и иднината“, рече шефот на македонската дипломатија за Нова ТВ.
Извор: БГНЕС