
Високозапаливи киселини кои инаку се користат за производство на хероин можеби се причината за експлозијата и несреќата во кој загинаа 45 патници на македонскиот автобус на „Беса Транс“ во Бугарија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение утринава, барајќи одговорност за челниците од власта за фактот дека над 135 пати границата била негелално преминувана:
„Кого владата на СДСМ упорно штити во автобуската несреќа?
Дали бизнисот со хероин кој го крие власта е причина за несреќата и 45 загинати патници во Бугарија?
Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности – киселини, кои се користат за производство на хероин.
Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?
Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли?
Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава?
Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш!“, се вели во соопштението на партијата.