Професорката Гордана Силјановска Давкова на својот профил на Фејсбук реагира дека при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ која минува низ Дебар Маало во скопски Центар, на бандерите се прикачени видео-камери кои, според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, се насочени во интимниот простор на граѓаните.
„Пред неколку дена, во духот на заложбите за „безбеден и мирен град“, дваесеттината истопорени светлосиви стапови, ДОБИЈА ОЧИ, одосно по ДВЕ КАМЕРИ, од кои ЕДНАТА е фокусирана на улицата, а другата е директно насочена кон нашите домови, небаре сме во реално шоу.
Би сакала да верувам дека фокусот случајно, од невнимание или незнаење е ДЕФОКУСИРАН, ама да ГИ ПОТСЕТАМ НАДЛЕЖНИТЕ на членот 25 од Уставот: „на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на ПРИВАТНОСТА на неговиот личен и семеен живот….“.
Ако е НАЈДОБРОТОТО за „ Центар“ е да Ве набљудува ГОЛЕМИОТ БРАТ, додека го читате антиципативниот ОРВЕЛ, за мене и моите комшии е – НАЈЛОШОТО!“, реагира поранешната кандидатка за претседател на Македонија во дел од својот пост објавен на социјалните мрежи.