Во Аеродром 53 семејства ќе добијат по 8.000 денари за новороденчиња

Неделава почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром, која беше стопирана со месеци. Со оваа мерка, 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по 8 000 денари парична помош за новороденче.

Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин.

Градоначалникот Тимчо Муцунски, потпишувајќи ги решенијата за финансиска помош за новороденчиња, порача дека најмладите остануваат во фокусот на нашето внимание и Општината останува отворена за секој проект што значи подобрување на нивниот живот.