
Манчестер Јунејтед го именуваше германскиот фудбалски стручњак 63-годишниот Ралф Рангкник за привремен тренер до крајот на сезоната, а потоа две години ќе продолжи да работи како советник во клубот.
Именувањето на Рангник следеше осум дена откако Оле Гунар Солскјер доби отказ по првенствениот пораз од Вотфорд.
Германецот ја започна тренерската кариера во 1980-те години и е заговорник на ткн „гегенпресинг“ фудбалот, односно пресингот што поблиску до противничкиот гол, како и пририсок врз провиникот веднаш откако ќе се загуби топката.
„Ралф е еден од најценетите тренери и иноватори во европскиот фудбал“, изјави фудбалскиот директор во Манчестер Јунајтед, Џон Мартог.
Рангник тренираше многу клубови, го доведе Хофенхајм во Бундеслигат, со Шалке во 2011 година го освои Германскиот куп, во два наврата беше тренер на РБ Лајпциг. Најмногу успеси оствари како фудбалски директор во РБ Лајпциг, кога му помогна на тогашниот четвртолигаш за само неколку години да дојде до натпреварување во Лигата на шампионите.
„Возбуден сум што доаѓам во Јунајтед и мојот фокус е оваа сезона да биде успешна. Во тимот има многу таленти и баланс меѓу младите и постарите играчи. Сите своите сили ќе ги насочан кон тоа играчите да го исполнат својот потенцијал, но и тимскиот, што е уште поважно. По овие шест месеци, се радувам што ќе работам како советник на тоа клубот да ги исполни своите долгорочни цели“, изјави Рангник кој за да дојде во Манчестер мораше да ја напушти должноста директор за спорт и развој во рускиот прволигаш Локомотив Москва.