Словенечки имунолог: Вакцинираните се помалку заштитени од новата варијанта отколку прележаните

Лицата кои се вакцинирале против Covid-19 ќе бидат помалку заштитени против новата омикрон варијанта на патогениот коронавирус SARS-CoV-19 од оние коишто се заразиле и ја прележале коронавирусната болест, проценува познатиот словенечки имунолог др Алојз Ихан.

Вакцинираните главно добиваат антитела кои се многу чувствителни на новите варијанти на коронавирусот, од што произлегува дека тие на мутираниот ворус имаат помала отпорност, изјави Ихан во разговорот за Словенечката телевизија во понеделникот, додавајќи дека за разлика од нив, лицата кои прележале некои од претходните варијанти на коронавирусот ги штити и клеточниот имунитет кој на тој начин се развива во нивниот организам.

Лицата кои го прележале Covid-19 покрај антителата развиваат и клеточен имунитет, затоа е малку веројатно дека нивниот имунолошки одговор ќе биде послаб отколку на претходните варијанти, па тие поради новиот сој не мора да бидат толку загрижени, рече Ихан.

Додаде дека омикрон варијантата има невообичаена компбинација на проментата на структурата на вирусот, што според него укажуива на тоа дека таа се развијала во долг временски период „во имунокомпромитирано лице“.

Кога станува збор за сѐ поголемиот број на земјите коишто ги затвораат границите во обидот да го спречат внесувањето на новата омикрон варијанта од странство, Ихан рече дека во прашање е „рефлексна реакција“ бидејќи такви беа реакциите и во случаите кога се појавија некои претходни соеви, иако во некои случаи подоцна се покажало дека тоа не било потребно.

„Допрва дополнително ќе можеме да кажеме дали мерките коишто сега се преземаат биле потребни или не, но при ваква епидемиолошка ситуација подобро е да се биде претпазлив и мерките да бидат носени однапред отколку предоцна“, рече Ихан.

Новата омикрон варијанта на коронавирусот во Словенија сѐ уште не е откриена, а референтните лаборатории кои ги секвенционираат примероците тврдат дека ќе биде откриена правовремено, за да бидат преземени неопходните мерки. Засега епидемиолозите препорачуваат на сите по враќање од странство кои ќе почувствуваат слабости и симптоми на заразата веднаш да се јават на лекар и што поскоро да се тестираат.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) порача во понеделникот дека омикронот варијантата веројатно меѓународно ќе се прошири и дека преставува „многу висок“ глобален ризик и ги советуваше своите 194 земји членки да го забрзаа вакцинирањето на високоприоритетните групи и да „обесбедат планови за ублажување на последиците“ за да се одржат неопходните здравствени услуги.

Истовремено јужноафриканскиот експерт за заразни болести и главниот владин советник од почетокот на пандемијата, професорот Салим Абудл Карим, изкави дека сегашните вакцини против Covid-19 веројатно се ефикасни во спречувањето на тешките форми на болеста и хоспитализациите од омикрон варијантата на коронавирусот. Исто така, рече дека е прерано за да може да се каже дали предизвикува и потешки симптомиод претходните варијанти.