
Се запали автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во скопски аеродром на „3-та Македонска бригада“.
Нема повредени патници бидејќи навреме биле евакуирани. Скопската противпожарна бригада интервенираше со едно возило и го изгасна пожарот кој избувна во задниот дел од автобусот.
Дојавата за пожарот кај скопските пожарникари стигнала во 18:50 часот.