Во Хрватска се преврте македонски камион што превезувал автомобили

Камион со платформа за превоз на други возила се преврте на 130-от километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац, објави хрватски 24 сата.

Несреќата се случила денеска попладне околи околу 17 часот, кога возило со македонски регистерски таблички се превртело, при што неколку возила што го превезувале камионот испаднале.

Како што информира хрватскиот медиум, повреден е возачот на камионот.