Едно момче од Србија се удави во Лимасол, на Кипар каде што два дена претходно отпатува на одмор,пишува српски Блиц.
На една од најпознатите плажи во Лимасол во сопственост на хотелот „Ла Меридиен“ каде што се случила трагедијата, не постои служба за спасување. Другарите на момчето на помош ги повикале келнерите.
Според пишувањата на кипарските медиуми, штом келнерот сфатил дека некој од море ги повикува на помош, отпливал до нив и им помогнал да дојдат до брегот. Тогаш виделе дека третиот другар го изгубиле меѓу брановите.
Службата за обезбедување на хотелот и неколку работници на „Ла Меридиена“ веднаш започнале потрага по момчето , кое подоцна го нашле кај пристаништето.
Лекарите на Брзата помош само констатирале смрт.
Не е познато како се удавил, се претпоставува дека не успеал да исплива од големите бранови имајќи предвид дека морето било немирно,