Лучиќ: Телеком Србија, преку МТЕЛ, од пролет стартува и со понуда за мобилна телефонија

Новиот телекомуникациски оператор на македонскиот пазар, МТЕЛ, членка на групацијата Телеком Србија планира веќе на пролет да стартува со понуда во мобилната телефонија, открива во интервју за МИА, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лукиќ.

Лучиќ во интервјуто истакнува дека плановите за раст и проширување на Телеком Србија во Македонија се амбициозни и крајна цел е комплетна понуда на телекомуникациски и дигитални услуги кон корисниците во Македонија.

„Влезот на трет оператор секако ќе има поволно влијание на пазарот во смисла на намалување на цените и подобрување на услугите. Истражувањата кои што ги спроведовме покажуваат дека расположението на домашните корисници е такво што влегувањето на нов оператор го дочекуваат со очекување на понуда со подобри услови и услуги од оние кои веќе се присутни. Тоа е навистина голем предизвик, но ние сме во целост подготвени да одговориме на него“, вели Лучиќ.

МТЕЛ во Македонија почна со работа кон средината на ноември со понуда на сателитска телевизија, Лучиќ во интервју вели дека менаџментот на Телеком Србија е уверен во дека македонската подружница на групација за брзо време ќе прерасне во препознатлив бренд во Македонија, очекуваат брз раст на бројот на корисници поради, како што истакнува, понудата која што се издвојува по врвниот квалитет и бројот на внимателно одбрани канали.  Се најавува и низа инвестиции со цел да се зголеми квалитетот и понудата кон македонските корисници. На неодамна воспоставената соработка со водечкиот европски оператор, Водафон, раководството на Телеком Србија гледа како мост кон оптимизирани трошоци со што ќе се обезбеди ослободување нови средства за инвестиции во дигитални услуги кои ќе ја трансформираат целокупната индустрија и компаниите кои што делуваат во неа.

Сателитската телевизија на МТЕЛ, како што појаснуваат од компанијата, е достапна низ цела Македонија. Корисниците преку оваа платфрома добиваат пристап до ексклузивна содржина која што ги вклучува Суперстар каналите на кои што се емитува врвна филмска програма и најголемите регионални хит серии, спортските Арена канали и други над 150 внимателно одбрани телевизиски канали.