
Платформите ова лето повторно се во мода и ги носат сите од Кејт Миделтон до Шерон Стоун. Многу стилисти велат дека платформите не само што се невкусен моден детаљ, можат да бидат и опасни. Дури и тенките нозе во нив изгледаат дебели.
Но еве неколку примери кои покажуваат дека платформите знаат да уништат елегантен изглед. Тоа го покажаа Шерон Стоун и Елизабет Харли.
„Жените не се свесни колку чевлите со платформа им штетат и не се вклопуваат со ништо, посебно не со елегантен фустан,“ сметаат стручњаците.
Некои жени сметаат дека чевлите со платформа се добра замена за чевлите со потпетица и не се заглавуваат. Други исто така сметаат дека се исто толку секси како потпетиците, ги зголемуваат нозете и ги затегнуваат.
Мажите не сакаат платформи, сметаат дека воопшто не изгледаат секси.