Пробала да го убие сопругот со секира во Вараждин

Во семејната куќа кај Вараждин, 49-годишна жена се обидела да го убие својот 52-годишен сопруг.

Како што објавуваат хрватските медиуми, во неделата 40 минути по полноќ, жената со секира по глава го удрила својот маж.

Таа го погодила во чело и тешко го повредила.

Жената е приведена и ќе и се суди за „обид за убиство“.