Тинејџерот обвинет за смртоносното пукање во Мичиген се изјасни за невин

Петнасетгодишниот жител на америкаснки Мичиген, Итан Крамбли, кој е обвинет за убиство и тероризам за пукањето во средното училиште во кое беа убиени четири негови соучесници и ранети уште седум други, не ја признава вината, пренесуваат во средата медиумите.

Крамбли е обвинет како возрасен за убиство, обид за убиство, тероризам со смртни последици и вооружено злосторство.

Адвокатот на Крамбли, во името на својот клиент на судската седмица пренесувана онлајн изјави дека тој не ја признава вината. Станува збор за стандардна процедура за пресуди за кривични дела, бидејќи доколку обвинетиот ја прозане вината, судот автоматски може да ги осуди на максимална казна. Неколку минути подоцна, судијата нареди Крамбли да биде задржан во притворот до почетокот на судењето.

Властите од округот Окленд досега не објавија за можниот мотив во средното учикиште Оксфорд, на околу 50 километри северно од Детроит. Но обвинителката Каред Мекдоналд изјави дека пукањето било со предумисла, врз основата на „планината дигитални докази“ собрани од полицијата.

Додаде дека родители на Крамбли биле повикани во училиште неколку часа пред крвопролевањето, поради „однесување во училницата што било загрижувачко“.

„Ова не беше само импулсивен чин“, рече обвинителката Мекдоналд.

Полицискиот шериф Том Вилис изјави пред судот дека Итан Крамбли снимил видео ноќта пред масакрот во кое зборувал за убивање ученици.

„Тој намерно го донел пиштолот тој ден со намера да убие што повеќе ученици“, рече помошникот обвинител Марк Кист во аргументирањата за евентуално одредување кауција и прегрлање во затвор од малолетничка установа.

Кист пред судот рече дека Крамбли влегол во тоалетот со ранец и излегол држејќи полуавтоматски пиштол, пукајќи кон соученциите додека одел низ ходникот. Три од жртвите е ученички на 14, 16 и 17-годишна возраст и еден 17-годишникот.