САД предупредуваат дека вооржувањето на Северна Кореја го дестабилизираат регионот

Американскиот министер за одбран Лојд Остин изјави дека Соединетите држави остануваат подготвени за дијалог со изолираната влада во Пјонгјанг и покрај растечката закана од севернокорејските ракетни и нуклеарни програми.

„Ќе продолжиме да ѝ упатуваме повици за дијалог на Северна Кореја“, изјави Остин во четвртокот во Сеул по разговорите со неговиот домаќин јужнокорејскиот министер за одбрана Су Вук.

„Исто така, сметаме дека Северна Кореја ги унапредува своите ракетни програми и оружјето кои сѐ повеќе ја дестабилизираат регионалната безбедност… САД и Јужна Кореја остануваат доследни на дипломатскиот пристап“, рече Остин.

Американските преговори со севернокорејските власти не бележат никаков напредок повеќе од две ипол години, а пореди нејзините нуклеарни и балистички програми Северна Кореја и натаму е под строгите меѓународни санкции.