Песков предупреди дека намерата на Украина да го контролира Крим е директна закана за Русија

Во Кремљ ја анализираат агресивната реторика на властите во Киев во врска со Крим и Донбас и прокламираната цел на Украина да го поврати црноморскиот полуостров под своја контрола претставува „директна закана“ за Руската Федерација, изјави во четвртокот портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„На тоа гледаме како директна закана насочена кон Русија“, изјави Песков за новинарите акредитирани во Кремљ, алудирајќи на изјавите на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Заленски во средата во Врховната Рада (парламентот) во Киев рече дека „ослободувањето на Крим треба да остане цел и филозофија на Украина“. Претседателот зборуваше за дипломатски напори а не за воена интервенција, оценуваат западните медиуми.

Меѓутоа, за Кремљ „така формулираната изјава секако дека значи дека Киев е подготвен да ги употреби сите средаства, вклучително и сила, за да посегне по руските територии“.

Осудувајќи ја „агресивната и запаллива реторика“ на украинските власти, Песков не ја исклучи воената операција на Киев на украинскиот исток против одметнатите доминатни рускојазични региони Донецк и Луганск, откако претходно Москва предупреди дека во регионот Донбас е стационирана половината од целиот состав на украинската армија.

„Сето тоа наведува на помислата дека украинското водство дефакто не исклучива воено сценарио за решение во Донбас, односно не исклучува започнување воена акција на самопрогласените републики, Затоа ситуацијата останува напрегната“, заклучи Песков.

Исто така, го обвини Киев дека не ги почитува договорите од Минск потпишани во 2015 година. Ги повтори руските ставови дека Москва е борбено настроена и ја обвинува Украина дека претстаува закана за Русија, а дека НАТО тоа го користи за да се прошири до самите нејзини граници.