
Петнаесет европски десни и крајно десни партии, меѓу кои најголеми и највлијателни се франциската Национален собир и полската Право и справедливост (PiS), потписнички на заедничката декларација од јули годинава со кој сакаат остварување сојуз во рамкоте на Европската унија, се собираат во саботата во полската престолина Варшава за да дискутираат за своите визии на ЕУ.
Француската десна политичарка Марин Лепен изјави за новинарите дека политичките партии кои учестуваат на собирот сакаат да формиаат „голема групација“ во Европскиот парламент каде што сега се во две различни пратенички групи. Истакна дека со општимизам гледа на претстојните месеци и можноста за формирање на новата групација, којашто доколку се оствари, ќе биде „втората сила во Европскиот парламент“.
Освен Лепен, којашто повторно следната пролет ќе се кандидира на гранцуските претседателски избори и претседателот на италијанската партија Лига, поранешниот вицеремиер Матеа Салвини, кој нема над да присуствува на состанокот во Варшава, потписници на споменатата декларација се и унгарскиот премиер Виктор Орбан, челникот на владејачката полска PiS, Јарослав Качински, претседателот на шпанскиот Вокс (Vox), Сантијаго Абаскал и шефицата на Италијански браќа (Fratelli d’Italia, FdI), Џорџа Мелони, кои се очекуваат во полската престолнина.
Во Европскиот парламент Национален собир и Лига му припаѓаат на блокот Идентите и демократија, додека PiS, Vox и FdI се дел од групацијата Европски конзервативци и реформисти. Унгарскиот Фидеш (Fidesz), кој во март се разиде со Европската народна партија (EPP), во моментов бара партнери во Европскиот парламент.
„Ова е работа на долги патеки, да успеат да се обединат сите овие политички движење. Тоа изискува време“, изјави Лепен истакнувајќи дека собирот во Варшава ќе биде „важна етапа“.
Земите потписнички на декларацијата од кули инсистираат на потребата од длабоки реформи во Европската унија, стравувајќи од обидите за создавање „супердржава“ во кои ќе се загубат националните интереси. Оттаму, според, Ева Марцинијак, политиколог од Полската академија на науките, во Варшава ќе биде направен обид да ги „минимизираат меѓусебните разлики“, особено позициите кон Русија, по прашањето за абортусот и ЛГБТ и ќе инсистираат на точките коишто им се заеднички.