Србија месечно ќе произведува три милиона дози од вакцината на „Sonopharm“

Почетокот на производството на кинеската вакцина против коронавирусот „Sinopharm“ во Србија се очекува од март следната година најдоцна во април, со три милиона дози месечно, пишува во саботата дневниот весник Вечерње новости.

Директорката на републичкиот фонд за задравствено осигурување, Сања Радојевиќ Шкодриќ, вели дека планот е производството да се одвива во две фази.

„Првата фаза, која опфаќа полнење и пакување на увезената материја, ќе започне во март и април – вели Радојевиќ Шкодриќ.

Вакцината на „Sinopharm“ прво ќе се произведува за Србија, а потоа ќе се извезува во регионот и другите земји.

„Големите производители на вакцини не бираат партнери само така. ‘Sinopharm’ ја препозна Србија како безбедна земја за производство на истата квалитетна, безбедна и ефикасна вакцина како таа што самите ја произведуваат. Многу сме горди на изградбата на фабрика за вакцини во Србија. Фабриката сега ќе произведува антиковид вакцини, но се планираат капацитети и за други вакцини или за проширување на капацитетите“, појаснива Шкодриќ.

Сопственото производство на вакцини, а „Торлак“ веќе прави антиковид-вакцина по руска технологија, е голема предност за секоја земја за време на пандемијата, се потсетува во написот.

„Кога имате сопствено, домашно производство, сте ја осигурале вашата земја не само на доволни количини вакцини, туку и дека ќе можете брзо да произведувате. Гледаме дека за многу кратки временски периоди се појавуваат нови соеви и затоа е важно да се има домашно производство за да се прилагоди на новите соеви, а не да се чека и да зависи од други производител“, вели Сања Радојевиќ Шкодриќ.