Спектакл во Дортмунд, бодовите за Баерн

Во големото дерби на германскиот фудбал во рамките на 14-то коло во Биндеслигата, минхенски Баерн славеше со 3:2 во Дортмунд против Борусија, и се издвоите на врвот на табелата.

Баварците го добија и седмото последователно дерби против „Милиониреите“, а четврто во низа на „Вестфален“ стадионот.

Јулијан Банд во петтата минута ја доведе Борусија во водство, а само четири минути подоцна израмни Роберт Левандовски. Минута пред крајот на првото полувреме Кингсли Коман прави резултатски пресврт и го донесе во водство Баер, но веќе на почетокот од вториот дел, поточно во 48 минута израмно Ерлинг Халанд. Победата за актуелниот првак во бозбудливиот дуел ја донесе Левандовски во 77 минута од пенал, откако Хумелс играше со рака во својот шеснеасетник.

Баерн остана на врвот со 34 бодови, додека Борусија Дорминд остана на 30 бодови и е второпласирана.

Големо разочарување на своите навивачи им приредуја играчите на РБ Лајпциг кои во петокот го забележаа третиот последователн пораз, и тоа со 1:2 на гости кај Унион Берлин.

Домашните поведоа преку Таиво Авонији во 6 минута, во 13 минута израмни за гостите Кростофер Нкунку но во 57 минута Тимо Баумгартл го постигна победничкиот погодок за Унион.

Унион Берлин се искачи на петтото место со 22 бодови, но позицијата му е загрозена од Фрајбург кој има бод но и меч помалку. РБ Лајпциг.потона на 11-то место со 18 бодови, колку што имаат и Борусја Мененгладбах и Ајнтрахт, но Борусија има и натпревар помалку.

Во првиот саботен дуел Хофенхајм со 3:2 на домашен терен славеше против фракфуртски Ајнтрахт, пробивајќи се на четвртата позиција со 23 бодови.

Хофенјахм лошо влезе во дуелот, па гостите поведоа во 15 минута со голот на Рафаел Сантош Боре. Но Ајнтрахт попушти многу наскоро и за кусо време во 24 и во 30 минута домашните прават резултатски пресврт, а стрелци беа Денси Гејгер односно Жоржињо Рутер, а во 59 минута решавачкиот погодок го постигна Диадие Самасеку.

Баер на својот стадион во Леверкузен со високите 7:1 го победи фенерџијата Грутер Фирт, кој по 14 кола има само еден бод и само чудо може да го спаси.

За „Аптекарите“, кои останаа трети на табелата сега со 27 бодови, четири погодока постигна Чехот Патрик Шик кој беше прецизен во 49, 69, 74 и 78 минута. Меѓу стрелците се впишаа и Амине Адли во 12, Еднмонд Тапсоба во 17 и Пјеро Инкапие во 45 минута.

Бохум оствари гостинска победа со 3:2 кај Аугсбург. Стрелци за гостите беа Себастијан Полтер во 23 и во втората минута од судиското продолжение на првиот дел, а во меѓувреме прецизен бепе и Герит Холтман во 40 минута. Домашните во второто полувреме имаа сила само да дојдат до гол заостанување, за што се погрижија Махаел Грегорич во57 и Доанил Калигиури во 86 минута од пенал.

Бохум со победата се извлече моментално на 10-то место со 19 бодови, а Аугсбург со 13 бодови е 16-ти, позиција од која се игра доигрување за опстанок во лигата.

Арминија и Келн ги поделија пободови. Гостите поведоа во 17 минута преку Салих Озчан а домашните израмнија во 59 минута преку Брајан Ласме.

Келн е на 14-то место во групата екипи со по 19 бодови, а Арминија е претпоследна 17-та со 10 бодови, три помалку од зоната на опстанок.

Мајнц со брези два погодока на самиот почетокот од мечот пред своите навивачи направи недостижна предност за Волфсбург а конечниот резултат гласеше 3:0. Стрелци беа Џонатан Буркард во 2, Антон Сташ во 4 а во 90 минута автогол си постигна Максенс Лакроа.

Со оваа победа Мајнц го мината Волфсбург на табелата, седми е со 21 бод, бод повеќе од вечерашниот противник кој е место подолу на табелата.

Во недела се играат дуелите Штутгарт – Херта и Борусија Менхенгладбах – Фрајбург.