ФОТО| Полицијата употреби солзавец и водени топови на протестите во Брисел

Припадниците на интервентната полиција опремена со штитови и шлемови распоредни во квартот на белгиската престолнина во кои се лоцирани државните и инстициите на Европската унија и откако блокираше со препреки и бодликава жица некои улици, мораше да преимени водени топови и солзавец против демонстрантие кои се обидуваа да излезат од договрената рута за протестите против зострените епидемиолошки мерки.

Судирите започнаа откако неколку десетици главно млади лица се издвоија од главната маса демонстранти и се обидоа да го пробија полицискиот кордон. Полицајците притоа беа гаѓани со камења и пиротехника.

Две седмици по сличните протести кои прераснаа во насилство, поворката на демонстрантите во неделата започна мирно по улиците на Брисел следена од бројни припадници на полициските сили. Повеќето од демонстрантите тенацуваа во ритамот на техно-музиката емитувана преки разглас.

„Не, благодарам за вакцините“, „Ковид = организиран геноцид“, „QR = свастика“, се читаше од транспарентите кои ги истакнуваа демонстрантите. „Не ни е потрбена вакцина за нашите деца“, скандираше група жени.

Демонстрантите ги осудуваат задолжителните мерки кои на белгиското население му се наметнуваат од почетокот на пандемијата на Covid-19. Особено негодуваат против обврската за поседување на ткн здравствена пропусница, која е задолжителна за пристапот до некои места и објекти. Демонстрантите го критикиваат и медиумското следење на здравствената криза.

Рутата по којашто се движи протесната поворка чија бројност е проценета на околу 8.000 луѓе, е надлетувана од полициски хеликоптер. Пред две седмици полициајта беше изненадена од размерите на протестот и тогаш не успеа да ги спречи бездредијата и насилствата.

Под мотото „Чин втор, марш за слободата“, демонстрантите продолжуваат да го изразуваат незадоволството поради владините мерки. „Првиот чин“ се одвиваше на 21-ви номеври кога на улиците на Брисел според податоците на полицијата се собрале околу 35.000 демонстранти. И тогаш поворката тргна мирно, но набрзо мирните протести прераснаа во насилство и безредие. Според полицијата, на протестите учествуваат бројни симпатизеи и активисти на крајната десница, а се забележуваа и многу фламански национални знамиња.

Во неколку други европски градови во текот на викендот, исто така, се одржаа случни протести, посебно во Холандија и во Австрија, како реакција на одлуките на тамошните власти поради зголемениот број коронаинфекции да ги заострат рестриктивните мерки да воведат нови ограничувања на движењата. Белгиските власти во петокот ја најавија мерката за затворање на детските градинки и основните училипта на една седница пред почетокот на божикните празници.